На 19 aприл 2011, претседателот на Р.Македонија-Ѓорѓе Иванов беше во посета на ИДОУ и ИДСУ во с. Прељубиште. Претседателот беше пречекан од наставничките и професорите од двете училишта, директорот на ИДСУ Перо Глигоровски, директорот на ИДОУ Бурхан Ејупи,  директорот на Нансен мрежата на Балканот Стајнер Брин и тимот на НДЦ Скопје. Во чест на посетата на Претседателот, учениците од второ и трето одделение од основното училиште се претставија  со песнички и стихотворби на македонски и албански јазик.

Откако заврши приредбата, следуваше заедничко фотографирање на Претседателот со учениците и наставничките. По посетата на основното училиште, Претседателот го посети и ИДСУ каде што имаше можност да го обиколи објектот, училниците и да се информира за наставниот процес кој се одвива во ИДСУ.  По посетата на училиштата следуваше заеднички состанок на Претседателот со  директорот на Насен мрежата на Балканот  Стајнер Брин, градоначалникот на општина Јегуновце Тони Коцевски, извршниот директор на НДЦ Скопје и директорите на училиштата. Посетата на училиштата се заокружи со давање на изјави за медиумите.

“Училиштето претставува добар пример како од малите нозе може да се научат младите на јазикот на своите соседи, да се запознаат меѓусебе, а со тоа и да придонесат за повисок степен на интеграција на нашето општество”
 изјави меѓу другото Претседателот на Р.М Ѓорѓе Иванов.

*цитатот на Претседателот е превземен од  kurir.mk