На 27. февруари 2020. година, претседателот Стево Пендаровски го посети О.О.У. Толи Зордумис, Куманово, како едно од модел учлилишта вклучени во Нансен модел за интеркултурно образование. За време на неговата посета, претеседателот Пендаровски имаше можност да разговара со учениците и наставничките за воннаставните активнсоти реализирани според Нансен модел. Претседателот имаше непосредна можност да ги види позитивните ефекти на интеркултурниот пристап во училиштето. Со големо задоволство тој се вклучи во воннаставната активност реализирана од страна на наставничкиот тандем: Зејнепе Бајрами и Мерлин Стојановска, кои како тандем веќе неколку години посветено работат на промовирање на вредностите и целите на Нансен модел.