Во периодот 22-23 јануари, 2014 г. претседателот на Управниот одбор на Нансен центарот за мир и дијалог, Сигмунд Хаген заедно со директорката на Нансен центарот за мир и дијалог, Ингун Скурдал од Лилехамер, Норвешка беа во посета на првото интегрирано основно и средно училиште во Прељубиште, општина Јегуновце. Потоа, претставниците на НЦМД ги посетија канцелариите на НДЦ Скопје каде присуствуваа на презентациите подготвени од страна на: извршниот директор на НДЦ Скопје- Сашо Стојковски, проект менаџерот- Ветон Зеколи, менаџерот за едукација, обука и развој- Билјана Крстеска- Папиќ и координаторот за односи со јавноста – Мирлинда Алемдар. Целта на посетата беше запознавање со активностите на НДЦ Скопје во полето на интегрираното образование како и разговор околу идните планови за соработка меѓу двете организации.

Претставниците на НЦМД исто така го посетија основното училиште „Славчо Стојменски“ во општина Виница коешто е едно од училиштата кои го применуваат Нансен моделот за интегрирано образование. Претставниците учествуваа на една интегрирана воннаставна активност реализирана од наставничките Шенај Маедова и Сања Смиланска и исто така остварија седба со директорот на училиштето, Јордан Стојанов.

За повеќе фотографии, кликнете тука.