На 3 април, 2014 г. извршниот директор на НДЦ Скопје, Сашо Стојковски и проект менаџерот, Ветон Зеколи го посетија интегрираното училиште „ Scharnhorst Gesamtschule“ во Дортмунд, Германија во кое наставата ја следат 1040 ученици од различна етничка и верска припадност. Во текот на денот претставниците на НДЦ Скопје се сретнаа со г. Реинар Копф од организацијата „ Forum fur eltern und schule“. Во текот на работната посета на Германија претставниците на НДЦ Скопје реализираа посети и состаноци во неколку интегрирани училишта и организации.