Во периодот од 20 до 22 април 2015 год., претставниците на ССУ,,Кубен” од Осло заедно со истакнати ученици од истото училиште го посетија ССУ ,,Моша Пијаде” во Тетово. Целта на посетата беше воспоставување на меѓусебна соработка за иницијативи на содејство помеѓу двете училишта и НДЦ Скопје. Претставниците на ССУ ,,Кубен” се сретнаа со директорот на ССУ ,,Моша Пијаде”, како и со професорите и учениците вклучени во групите за заедничка медијација и решавање на конфликти.
