На 4-ти март 2011, интегрираните училишта во Јегуновце беа посетени од претставници на УСАИД и амбасадата на САД во Македонија. Гостите имаа можност да присуствуваат на часовите од неформалната програма што се реализира во основното и средното интегирано и двојазично училиште во Јегуновце и детално да се запознаат со Нансен моделот за интегрирано и двојазично образование. Исто така гостите остварија средба со дел од наставниците кои се ангажирани за имплементација на активностите од програмата за неформално образование во овие две училишта.