На 19 септември 2012 година, тимот на НДЦ Скопје организираше презентација на проектот “Нансен модел за интегрирано образование” за родителите на учениците во основното училиште “Кочо Рацин” Огњанци, општина Петровец . Родителите имаа можност да слушнат за оболежјата и придобивките на овој модел на образование и се согласија околу учеството на нивните деца во интегрираните воннаставни активности кои се дел од проектот.

Договорот за соработка помеѓу Нансен Дијалог Центар Скопје и општина Петровец беше потпишан на 22 јуни 2012 година, по што започнаа подготовките за имплементација на Нансен моделот за интегрирано образование.Наставниците кои ќе бидат директни реализатори на интегрираните воннаставни активности се во процес на завршување на основниот циклус обуки за интегрирано образование во рамките на Тренинг Центарот при НДЦ Скопје, каде што ќе се стекнат со потребните знаења и вештини за успешно спроведување на годишните програми за интегрирани воннаставни активности подготвени од страна на тимот за едукација при НДЦ Скопје.