(24.09.2010) На 24 септември 2010 година во основното општинско училиште “Маршал Тито“ во Струмица, претставници на НДЦ Скопје направија презентација на проектот “Интегрирано и двојазично основно училиште„. На презентацијата присуствуваа родители на ученици од прво одделение (македонци и турци), управата на училиштето и претставнци на општина Струмица. Присутните имаа можност детално да се запознаат со Нансен моделот за интегрирано и двојазично образование – проект во кој што ќе учествуваат учениците, нивните родители и наставниците. Од страна на претставниците на општина Струмица беше искажано дека овој проект е од голема важност за општината и затоа за овој проект општината ќе одвои дополнителни финансиски средства од општинскиот буџет. Поголемиот број на родители го поддржаа започнувањето и дадоа согласност за партиципација во истиот.