На 3 и 14 октомври, 2013. претставници од Тимот за едукација, обука и развој при НДЦ Скопје во соработка со претставници од општина Виница организираа презентации за родителите на учениците од македонската и турската етничка заедница кои ќе бидат вклучени во проектот Нансен модел за интегрирано образование (НМИО) во основното училиште „Славчо Стојменски“.

Целта на презентацијата беше да се понудат потребните информации околу обележјата и придобивките од НМИО и да се потенцира важната улога на родителите при имплементацијата на програмските активности.

Родителите изразија голем интерес и поддршка за проектот и ги дадоа потребните согласности за вклучување на нивните деца во интегрираните воннаставни активности кои ќе бидат имплементирани според Годишните програми изработени од страна на НДЦ Скопје.