На 15.09.2011 година се оддржа презентација на проектот пред родителите на учениците од шести одделенија при подрачното училиште во Гоце Делчев- Нова маала,општина Василево, со цел нивно информирање за целта и резултатите кои досега се постигнати со реализација на проектот: Нансен модел на интегрирано образование.
Специфично за оваа група ученици е што децата од турската етничка заедница во шесто одделение започнуваат со следењето на редовниот наставен процес на македонски јазик, а реализацијата на овој вид на интегрирани воннаставни активности ќе биде одлична прилика за негување на нивниот мајчин јазик. Презентацијата воедно беше прилика родителите да дадат согласност за вклучување на нивните деца во интегрирани воннаставни активности, кои е планирано да започнат со реализација во текот на наредниот месец.
На 20.09.2011. е оддржана уште една презентација за родителите на учениците од Висока Маала, во присуство на градоначалникот на општина Василево, престедавачката на Советот на општината, како и претставниците на тимот на НДЦ Скопје по што е добиена согласност и поддршка и вклучувањето на оваа група ученици во планираните проектни активности.