На 22 мај 2014 г. НДЦ Скопје организираше презентација на Нансен моделот за интегрирано образование пред родителите на учениците од второ одделение од македонската и албанската настава во рамките на ЦОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар. Презентацијата беше реализирана од наставничките Нагихан Снопче и Габриела Мерџановска со поддршка од тимот на НДЦ Скопје. На презентацијата беа присутни директорот на училиштето, Сашо Шарески и заменик директорот, Сефер Елмази. Родителите изразија голем интерес и поддршка за проектот и ги дадоа потребните согласности за учество на нивните деца во интегрираните воннаставни активности кои се дел од Нансен моделот за интегрирано образование. Презентацијата пред родителите е почетен чекор за воведување на моделот во рамките на ЦОУ „Гоце Делчев“ Гостивар, следен чекор е потпишување на договор за соработка со општина Гостивар со цел формално да се одбележи започнувањето на проектот од следната учебна година.