На 24 Октомври, 2014, претставниците на НДЦ Скопје, од тимот за едукација тренинг и развој, Аница Онисомска и Осман Емин, одржаа презентација на Нансен модел за интегрирано образование за родителите на втората генерација на ученици од македонската и турската етничка заедница кои изразија интерес да ги запишат своите деца во проектот реализиран во рамките на ОУ Славчо Стојменски во општина Виница. Родителите ја изразија својата поддршка и интерес за проектните активности  на Нансен модел, и обезбеди писмена согласност за учество на децата во воннаставните интегрирани активности. НДЦ Скопје имаше одличен осврт од родителите на првата генерација на ученици кои учествуваа во проектот и кои продолжија со поддршка на проектните активности.