На ден 04.03.2011 во холот на  ООУ,,Маршал Тито” Струмица со почеток во 16 часот  учениците од Интегрираната двојазична паралелка  се претставија со  Осмомартовска приредба под наслов ,,Најдобрата мајка’’
Приредбата ја отворија наставничките Љубинка Цветанова, Даниела Митева и Зумбул Чичeк. Децата настапија со своите точки. Едни беа пеперутки, други мачиње имавме и зајачиња, пајчиња, коњчиња, кучиња, врапчиња, јагниња и едно сонце. На крајот од приредбата учениците на своите маијќи подарија по еден цвет и осмомартовска честитка.
Посебно задоволство претставуваше фактот што на приредбата дојдоа мајки на ученици  кои  од почетокот на учебната година ниту еднаш не биле во посета на училиштето. Не криејки го огромното задоволсто од она што го покажаа нивните деца, нагласија дека  се задоволни од она што го  виделе и дека  во иднина активно ќе учествуваат во активностите наменети за мајките.
На приредбата присуствуваа градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, претставниците секторот за образование при општината, дел од наставничкиот персонал од интегрираното основно училиште во Јегуновце и претставници од НДЦ Скопје.