На 16 март 2015 година, наставничките Захарица Рујаноска и Тодорка Нане ја спроведоа првата проектна активност според Нансен модел за интегрирано образование со ученици од прво одделение  на  македонски и на влашки јазик при ООУ „Никола Карев“ во Крушево. Темата на првата активност беше „Мода“.

На 20 март, 2015, наставничките Захарица Рујаноска и Маја Митева ја реализираа првата проектна активност според Нансен модел за интегрирано образование со  ученици од 4-то одделение на македонски и на влашки јазик во ОУ „Никола Карев“, Крушево.  Темата на првата активност беше „Модниот тренд–некогаш и сега“.

Нансен моделот за интегрирано образование не се спроведува само во рамките на училиштата вклучени во проектот, но и во други училишта кои  изразија интерес и волја за инкорпорирање на интегрирано образование преку нови и креативни пристапи. Проектните активности коишто се реализираат во училиштата, се значаен показател за посветеноста на учесниците на Тренинг центарот да воведат нови и иновативни пристапи не само во воннаставните активности, но, исто така, во редовниот наставен процес кој може да се збогати со методи и пристапи кои се карактеристични и уникатни за Нансен моделот.