На 28 февруари и 1 март 2013 година, претставниците од тимот за едукација при НДЦ Скопје- Анче Јованоска и Осман Емин подготвија и релизираа едукативни работилници за родителите на учениците вклучени во проектот Нансен модел за интегрирано образование во основните училишта: “Шемшово“ (Фридтјоф Нансен)- општина Јегуновце, “Гоце Делчев“- опшина Конче и средното стручно училиште “Моша Пијаде“- општина Јегуновце.

Во Прељубиште- општина Јегуновце, на едукативните работилници учествуваа родителите на учениците од основното и средното училиште кои беа фокусирани на чекорите до поуспешно учење. Во општина Конче, едукативната работилница беше фокусирана на темата “награда и казна“ како и мерките кои треба да се превземаат или избегнуваат од страна на родителите.