На 13 март, 2015 г. наставниците вклучени во проектот Нансен модел за интегрирано образование во ОУ „Братство Мигени“- Тетово, г-а Даниела Апостоловска, г-а Сихана Каба – Касами, г-а Александра Кундевска и г-а Гонџе Ејуби ја реализираа првата креативна работилница во рамките на годишната програма за соработка со родителите. Родителите на македонските и албанските ученици вклучени во проектот учествуваа во првата креативна работилница која беше одлична можност за социјализација меѓу родителите, учениците и наставниците. Родителите изразија голем интерес за вакви активности и ја изразија нивната подготвеност да присуствуваат во работилниците во иднина.