На 4 март 2015 г. наставниците вклучени во проектот Нансен модел за интегрирано образование г-ѓа Радица Ацевска и г-ѓа Мирсада Идризи го означија почетокот на спроведувањето на програмата за соработка со родителите во ОУ „Лирија“ во Тетово. Наставниците ја организираа првата креативна работилница со мајките на албански и на македонски ученици каде што родителите заедно со учениците подготвија украси со тема на 8-ми Mарт.
