На 5 март 2015 година наставниците вклучени во проектот Нансен модел за интегрирано образование при ООУ„ Маршал Тито” во Струмица, Мејдин Усинов, Даниела Митева и Љубинка Цветанова реализираа креативна работилница во рамките на Годишната програма за соработка со родителите. Родителите на учениците Македонци и Турци  вклучени во проектот учествуваа на работилницата која резултираше со многубројни креативни изработки и декорации.