Во текот на месеците март и април 2017 година училиштата вклучени во Нансен моделот за интегрирано образование, како и училиштата кои го применуваат Нансен моделот преку проектни активности, организирани интегрирани воннаставни активности со учениците. Наставничките тандеми кои се одговорни за спроведување на активностите работеа според Нансен програмите за интегрирано образование обезбедени од страна на НДЦ Скопје. Учениците уживаа во пролетните активности предвидени во програмата кои претставуваат комбининација на образовни и креативни задачи со цел да им овозможат на учениците да се дружат преку интегрирани активности.
