9 ноември, 2015 г.- Нансен дијалог центар Скопје ја разви и промовираше е- платформата за реализаторите на Нансен моделот за интегрирано образование за основно и средно образование. Е- платформата е нова иновативна алатка развиена со цел да им понуди на наставниците ресурси и материјали кои им се потребни за планирање, организација и реализација на високо квалитетни активности кои се составен дел на Нансен моделот за интегрирано образование. Со помош на платформата ќе се овозможи унапредување на воннаставните активности, споделување на добри практики, комуникација помеѓу реализаторите како и комуникација помеѓу Тимот за едукација, обука и развос со НМИО реализаторите.

Платформата за реализаторите на Нансен моделот нуди лесен пристап до сите програмски содржини, вклучувајќи:

–  Годишни програми за интегрирани воннаставни активности за основно и средно образование
–  Дидактички пакети за основно и средно образование
–  3 изданија на Практикуми за реализатори на НМИО
–  Прирачник за родители
–  Прирачник за реализатори на НМИО.

Покрај потребните ресурси за имплементација на Нансен моделот за интегрирано образование, корисниците на платформата ќе имаат можност да користат дополнителни алатки за меѓусебна комуникација како што се интерните форуми, дискусии, разговори како и мошне важниот елемент- поднесување на дневни/месечни подготовки во рамки на платформата.

Е-платформата ќе нуди значајни придобивки за реализаторите на НМИО коишто се поврзани со олеснета достапност на програмските ресурси, заштеда на време и ресурси, унапредување на компјутерски вештини, голем избор на материјали и идеи за планирање и организирање на интегрирано воннаставни активности.

Е-платформата за реализатори на НМИО ќе биде пуштена во употреба на 10 ноември и секој реализатор на НМИО ќе има посебна страница во рамки на платформата која што ќе биде надополнета со потребните содржини во зависност од возраста на учениците и секциите од годишните програми.