(25.05.2011) На ден 25.05.2011 (среда) основното општинско училиште “Маршал Тито“ во Струмица го прослави својот патрон празник. Учениците од интегрираната двојазична паралелка овој празник го прославија во духот на негувањето на традицијата и културата на двете етнички заедници насловен како “Кујната на нашите баби“. Учениците со своите баби подготвија традиционални македонски и турски сецијалитети: гурабии, равании, алва, баклава, лангиди и истите беа достапни за дегустација на присутните гости. Убавиот амбиент на прославата го надополнија баба Танка Ристова и Азира Мемедова, облечени во традиционални носии, во улога на домаќини на прославата ги пречекаа гостите со лепче и локумче.