На 20 март, 2013 година, претставници од тимот за едукација при НДЦ Скопје учествуваа на прославата на традиционалниот празник Тримери во Струмица, кој го означува третиот ден од познатиот струмички карневал. Интегрираните воннаставни активности кои се дел од проектот Нансен модел за интегрирано образование при основното училиште „Маршал Тито“ во Струмица беа организирани и реализирани во духот на празникот. Темата на воннаставната активност беше “Од трпезите на нашите баби„. Во текот на активноста, учениците, наставниците и претставниците од општина Струмица имаа прилика да ги дегустираат разните традиционални рецепти и истовремено да ја проследат кратката претсава огранизирана од страна на учениците.
