(01.04, 2009) По повод први април – денот на шегата во ИДОУ с. Прељубиште беше организирана и реализирана првоаприлска парада. Целта на парадата беше учениците да се запознаат со значењето на овој ден. Организатори и реализатори на првоаприлската парада беа наставничките и учениците кои ги извршија потребните подготовки во училиштето каде што се маскираа учениците во омилените маски на нивните омилени ликови, а потоа така маскирани излегоа во училишниот двор и се пошегуваа.
Учениците, потоа, ги претставија своите маски и пред месното население како и пред вработените во општинската библиотека.

Оваа првоаприлска парада предизвика силно чувство на задоволство кај учениците кои продолжија и по враќањето во училиштето со меѓусебни шеги.