На 25.10.2010г. се оддржани првите родителски средби во Интегрирано двојазично средно училиште на кои родителите добија повеќе информации за Кодексот на однесување во училишниот објект, распоредот на часови, реализацијата на редовната настава и на воннаставните активности, чување на инвентарот и сл.
Воедно родителите беа запознаени со првите оценки и мислења на професорите за постигнувањата на учениците, а од нивна страна беше нагласена потреба за организирање на дополнителна настава за одредени предмети.
Родителите дадоа силна подршка за концептот на наставата и донесоа заеднички заклучок дека треба нивна почеста контрола при следење на училишниот успех на децата.