Во јануари 2019. година, училишниот психолог Светлана Аспровска Тодоровиќ, заедно со учениците од втора година, реализираа работилница во рамки на темата “Соработка” на секцијата “Јас и другите”.

Учениците дискутираа за соработката како клуч за решавање на проблемите кои не засегаат.  Тие работеа во групи и секој даде свој придонес со пишување пораки во врска со глобалното затоплување, со кои на крај изработија постер.

Целите на активноста се поддржување конструктивна комуникација и соработка меѓу учениците од две различни етнички групи, поддржување самоорганизацијата на учениците за време на реализација на заеднички активности како и препознавање и практикување на прифатливо и одговорно однесување во локалната заедница.