На 26 јуни, 2013 год. НДЦ Скопје реализираше еднодневна работилница за наставниците кои се непосредни реализатори на интегрирани воннаставни активности во Нансен модел училиштата. Целта на работилницата беше евалуација на воннаставните активности реализирани во текот на учебната 2012/2013 година.

Наставниците имаа прилика да извршат само-евалуација по однос на квалитетот на реализираните интегрирани воннаставни активности преку некоклу категории кои беа однапред одредени: двојазичната компонента, социо-емоционалната клима, тимска и тандемска соработка, примената на методот на игра, комуникација, итн.

Работилницата беше подготвена и реализирана од страна на Тимот за едукација, обука и развој при НДЦ Скопје составен од: Биљана Крстеска Папиќ- менаџер на Тимот за едукација обука и развој и координаторите за едукација Аница Оносимоска, Сонај Билал и Осман Емин. Работилницата беше реализирана тројазично односно на македонски, албански и турски јазик.