На 27 јуни 2013 год. тимот за едукација, обука и развој при НДЦ Скопје реализираше еднодневна работилница со втората група наставници кои ги следеа основните обуки за интегрирано образование во рамките на Тренинг центарот при НДЦ Скопје. Целта на работилницата беше осврт и евалуација на процесот на обуки за Нансен модел за интегрирано образование.

Во текот на работилницата беа применети различни методи и техники на работа со цел да се изврши евалуација на целокупниот процес на реализација на основниот пакет обуки за интегрирано образование.

Наставниците кои учествуваа на обуките ги искажаа нивните ставови и размислувања околу тематските подрачја опфатени во основниот пакет обуки за интегрирано образование, како и нивните впечатоци од примената на различните техники, форми и методи на работа кои се карактеристични за Нансен модел за интегрирано образование, воедно и за обуките кои се реализираат во рамките на Тренинг центарот.