Нансен Дијалог Центар Скопје организираше работна посета на Кралството Норвешка заедно со Министерот за Образование и Наука на Република Македонија г-дин Панче Кралев. Работната посета беше реализирана во периодот од 19-21 ноември, 2012 година. Целта на посетата беше да се реализираат работни средби со институциите и организациите со кои НДЦ Скопје има долгогодишна соработка и партнерски односи, како и да се разговара за идните планови за соработка.
Во текот на првиот ден од работната посета, Министерот за образование и наука на Република Македонија г-дин Панче Кралев заедно со основачот на Нансен Дијалог Мрежата г-дин Стеинар Брин, извршниот директор на НДЦ Скопје г-дин Сашо Стојковски и проект менаџерот на НДЦ Скопје г-дин Ветон Зеколи учествуваа на настанот кој беше фокусиран на програмските активности на НДЦ Скопје посебен акцент на развојот и примената на Нансен моделот за интегрирано образование. Настанот беше одлична можност да се информираат присутните учесници за напорите превземени од страна на Министерството за образование и Наука на Р.М за промовирање на интегрирано образование. Настанот се одржа во Litteraturhuset (Домот на литературата) во Осло.
За време на посетата на Норвешка, делегацијата оствари средби со претставници на Норвешкото Министерство за надворешни работи и претставници на Норвешката парламентарна комисија за образование и истражувања.
Во текот на вториот ден од работната посета на Норвешка, делегацијата реализираше средби и посети на Соре Ал основно училиште, Нансен Академијата, општина Лилехамер и Мајхауген музејот.