На 11. март 2019. година, наставниците Кристина Стојанова и Зерин Кокаљари со учениците од шесто одделение реализираа активност во рамки на Уметничката секција.
Активноста беше придружена од разни игра. На контурата нацртана во форма на стебло на дрво учениците боеја со четка и со прсти. Цветовите на дрвото ги реализираа со техниката печатење, користејќи темперни боји, со прсти ставаа печати.
Цели на активноста се: конструктивно меѓусебно соработување, поттикнување на соработнички односи во групата со етнички хетерогена структура како и поттикнување на креативноста и оригиналноста кај учениците преку ликовното изразување и творење.