Во периодот октомври- ноември 2015 година, НДЦ Скопје заедно со наставниците вклучени во проектот реализираа низа активности во рамки на Програмата за  соработка со родителите на учениците кои се вклучени во проектот Нансен модел за интегрирано образование во основното училиште ,,Гоце Делчев” во Гостивар и основното училиште ,,Лирија” во Тетово. Активностите беа координирани од страна на претставниците на НДЦ Скопје задолжени за Програмата за соработка со родители, г-ѓа Билјана Марковиќ и г-ѓа Бесарта Адили-Укичи. Активностите од Програмата за соработка со родители беа организирани и реализирани од страна на наставниците кои ги имплементираат интегрираните воннаставни активности во основното училиште ,,Гоце Делчев” во Гостивар: г-ѓа Анета Казиоска, г-ѓа Мируше Џафери, г-ѓа Габриела Мерџаноска, г-ѓа Нагихан Снопче, г-ѓа Јасмина Ефремоска, г-ѓа Лулјета Азири, г-ѓа Севим Суљо и г-ѓа Тодорка Крајческа, додека во основното училиште ,,Лирија” во Тетово: г-ѓа Весна Данајлоска, г-ѓа Флорина Скендери, г-ѓа Радица Ацевска и г-ѓа Мирсада Идризи.

Главните цели на програмата се:

  • Промоција на соработката и довербата на родителите кон училиштето и наставничкиот кадар;
  • Промоција на активната улога на родителите во создавањето, спроведувањето и евалуацијата како на редовната настава така и на воннаставните активности;
  • Зајакнување на соработката помеѓу родители со различно етничко, религиозно и културно потекло;
  • Зголемување на животните вештини кај родителите и создавање на навики за нивно континуирано самообразование;
  • Поттикнување на самодовербата на родителите, како и позитивниот однос кон заедницата.

Програмата за соработка со родителите е многу важна компонента од Нансен моделот за интегрирано образование и ќе продолжи да се имплементира во текот на целата школска година поради големиот интерес за учество кој го покажаа родителите на учениците вклучени во проектот.