На 22 мај 2015 година учесниците од група 11 ги следеа практичните модули од основното ниво на обука за интегрирано образование. За време на практичните модули учесниците имаа прилика да присуствуваат на интегрирана билингвална воннаставна активност спроведена од Светлана Ристоска и Гезим Ибрахими. Практичните модули пружаат детален увид во методологијата на Нансен моделот, фокусирајќи се особено на најважните елементи: примена на компонентата ,,игра”, билингвален пристап со парафразирање и тандемска соработка. Учесниците од група 11 исто така ќе го завршат и вториот дел од практичната програма кој се состои од планирање и практична реализација на интегрирана воннаставна активноста според Нансен моделот за интегрирано образование.