На 24 октомври 2012 година заврши реализацијата на практичниот дел од основните обуки за интегрирано образование организирани од Нансен Дијалог Центар Скопје. Практичниот дел на обуките се реализираше во училиштата кои веќе успешно ги реализираат годишните програми за интегрирани воннаставни акивности според Нансен моделот за интегрирано образование.
Обуките се реализираа во периодот 15-24 октомври во ОУ Маршал Тито- Струмица и ОУ Шемшово (Фридтјоф Нансен)- Прељубиште, општина Јегуновце. Наставниците кои учествуваа на обуките имаа прилика непосредно да се запознаат со методологијата на работа која се користи при реализацијата на итегрираните воннаставни активности во етнички мешани групи на ученици. Во практичниот дел на обуките, освен наставниците учествуваа и директорите на училиштата во кои наскоро ќе започне реализацијата на проектот Нансен модел за интегрирано образование.
Основниот циклус обуки за интегрирано образование ќе продолжи со предавања подготвени и реализирани од локални и меѓународни експерти.