Четвртата работилница од Модулот А беше успешно завршена за пет групи наставници и стручни соработници. Темата на четвртата работилница од Модул А – Комуникацијата како важна алатка во негувањето на интеркултурна училишна средина овозможи дефинирање на повеќе корисни препораки и насоки за негување на јазичен диверзитет во училишниот амбиент.
