На 13 мај, 2013 год. учениците вклучени во проектот „Нансен модел за интегрирано образование“ од основното училиште „Маршал Тито“-Струмица беа на еднодневна екскурзија во Банско, лоцирано во струмичкиот предел до планината Беласица. Учениците ја посетија локалната бања, како и природните извори и водопади. Учениците исто така ја посетија граничната полиција и царниските служби. Екскурзијата беше организирана и финансирана од страна на НДЦ Скопје.