На 27 Декември, 2011 година, во основното училиште Маршал Тито, Струмица се оддржа новогодишната претстава на тема “Новогодишна сказна“. Приредбата беше организирана од страна на наставничките и ученици вклучени во проектот “Нансен модел за интегрирано образование“. Во оваа претстава голема поддршка дадоа родителите на учениците со нивниот ангажман во изработката на костимографијата на претставата. Покрај многубројните родители на претставата присуствуваа и училишната управа, стручните служби и дел од наставничкиот колегиум, како и претставници на општина Струмица.

Присутните ја проследија претставата со особено внимание и задоволство, и по завршувањето на преставата споделија позитивни импресии од настанот.