На 27 декември 2012 година во просториите на ИДОУ “Фридтјоф Нансен“, с. Прељубиште, општина Јегуновце се реализираше претставата со наслов “Чудесниот сон на детето”. Претставата беше организирана од страна на наставничките тандеми заедно со учениците од четврто и петто одделение во соработка со тимот за едукација при НДЦ Скопје. Претставата ја карактеризираше новогодишната сценографија и костимографија, како и одличната изведба од страна на учениците од двете генерации. Како и на сите претходно организирани претстави, и на оваа претстава не изостана многубројната публика која со особено задоволство и внимание ја следеше претставата. Покрај големиот број на родители, наставници и ученици на претсавата присуствуваше и тимот на НДЦ Скопје. Традиционално како и секоја година на учениците им беа подарени новогодишни пакетчиња.

Новогодишната претстава беше истовремено одлична прилика за меѓусебно дружење и соработка помеѓу учениците од двете генерации како и продлабочување на соработката помеѓу наставнчките тандеми и родителите.