На 29 декември 2011 година во просториите на ИДОУ “Фридтјоф Нансен“, с. Прељубиште, општина Јегуновце се оддржа претставата со наслов “Изгубени во новогодишната ноќ”. Претставата беше организирана од страна на наставничките тандеми заедно со учениците од трето и четврто одделение. Претставата ја карактеризираше прекрасната сценографија и костимографија, како и одличната изведба од страна на сите ученици од двете генерации. Како и на сите претходно организирани претстави, и на оваа претстава не изостана многубројната публика која со особено задоволство и внимание ја следеше претставата.  Покрај големиот број на родители, наставници и ученици на претсавата присуствуваа и директорот на НДЦ Скопје, како и тимот за едукација, обука и развој при НДЦ Скопје.

Новогодишната претстава беше истовремено одлична прилика за меѓусебно дружење и соработка помеѓу учениците од двете генерации како и продлабочување на соработката помеѓу наставнчките тандеми и родителите.