На 23 октомври 2012 година, дел од тимот на НДЦ Скопје- Анче Јованоска и Мирлинда Алемдар реализираа презентација и работилница за наставниците и директорите од некоклу основни училишта од Бујановац. Семинарот беше одржан во Охрид каде што НДЦ Скопје учествуваше во првиот работен ден од тридневниот семинар организиран од Нансен Дијалог Центар Србија и е дел од проектот “Зајакнување на социјалните компетенции во училиштата во Бујановац”..

Учесниците имаа прилика да се информираат околу обележјата и придобивките од Нансен моделот за интегрирано образование, а преку работилницата “Активно вклучување и соработка со родителите во современиот воспитно-образовен процес” им беа презентирани идеи и решенија како да се поттикне и одржи партнерството и соработката со родителите во рамките на нивните училишта.