На 7 јуни 2012 год. во просториите на ООУ Рајко Жинзифов- општина Чаир, Скопје се реализираше завршната приредба по повод крајот на учебната година со наслов “Најубавиот букет” подготвена од страна на учениците од прво одделение и наставничките кои работат на реализација на интегрираните воннаставнитактивности во рамките на проектот Нансен модел за интегрирано образование. На приредбата присуствуваа голем број гости и преставници од секторот за образование при општина Чаир, тимот на НДЦ Скопје, училишната управа како и голем број родители, наставници и ученици. Приредбата на учениците беше проследена со особено внимание од страна на присутните гости кои изразија задоволство од иницијативата за орнанизирање на приредби по повод одбележување на крајот на учебната година.
