На 20 април, 2012 Нансен Дијалог Центар Скопје реализираше еднодневна работилница за тимот наставнички од ООУ “Рајко Жинзифов” кои се директни реализатори на интегрираните воннаставни активности како дел од проектот Нансен модел за интегрирано образование.

Во текот на работилницата акцентот беше ставен на потребата за успешна тимска и тандемска соработка при подготовка на двојазични завршни претстави односно изработка на сценарио, подготовка на сценографија, избор на костимографија и музика, детска кореографија итн. Покрај практичните совети за чекорите до успешна двојазична престава, во текот на работилницата беше одработена и темата за стиловите на комуникација и нивната правилна примена.