На 7 јуни 2012 год. во просториите на ООУ Маршал Тито- Струмица се реализираше завршната приредба по повод крајот на учебната година со наслов “На пазар” подготвена од страна на учениците од 3 одделение и реализаторите на воннаставните активности вклучени во проектот Нансен модел за интегрирано образование. На приредбата присуствуваше градоначалникот на општина Струмица, претсавници од секторот за образование при општината, претставници од БРО и Просветниот Инспекторат, дел од тимот на НДЦ Скопје како и голем број родители, наставници и ученици. Настанот беше проследен од многу локални медиуми кои изразија интерес за следење на приредбата..
