На 5 октомври 2012 година тимот за едукација при НДЦ Скопје подготви и спроведе серија на интегрирани воннаставни активности за учениците од прво до петто одделение во основното училиште “Кочо Рацин” – Огњанци, Општина Петровец. Активностите беа спроведени во согласност со специфичната методологијата на работа при спроведување на Нансен моделот за интегрирано образование во соработка со наставниците кои ќе бидат одговорни за реализација на годишните програми за интегрирани активности. Учениците учествуваа во сите активности со голем ентузијазам и изразија интерес за понатамошно учество во воннаставните активности.