На 22 февруари, 2013 година беше организиран и реализиран практичниот дел од основните обуки за интегрирано образование во првото интегрирано основно и средно училиште во Прељубиште, општина Јегуновце. Практичната обука е составен дел на активностите организирани во рамките на Тренинг центарот за интегрирано образование при НДЦ Скопје.

Втората група учесници кои ги следат основните обуки се 19 наставници од основни училишта од неколку градови и општини во Република Македонија: Скопје, Тетово, Велес, Крива Паланка, Битола, Кичево, Куманово, Свети Николе и општините Бистрица и Сопиште.

Во текот на парктичните обуки учесниците имаа прилика да се запознаат одблиску со методологијата на работа која се применува при имплементацијата на интегрираните воннаставни активности во етнички мешани групи на ученици, со посебен фокус на двојазичниот приод со парафразирање, тандемската соработка меѓу наставниците, примената на методот на игра како и комнуникацијата со учениците.