Како продолжение на основниот циклус обуки за интегрирано образование, НДЦ Скопје организираше дво-дневна сесија од предавања и обуки со универзитетски професори и предавачи. Првото предавање беше реализирано на 29 ноември 2012 година од страна Флорина Шеху -професорка на Педагошкиот факултет во Скопје. Во текот на обуката беше реализирано предавање и низа активности на тема “Комуникација помеѓу тимовите и тандемите на наставници во мултикултурни средини”. Покрај првата група на наставници кои го имаат завршено теоретскиот и практичниот дел од од основните обука за интегрирано образование, на обуките беше вклучен и постојниот кадар на наставници и професори кои работат на реализацијата на воннаставните активности во рамките на Нансен моделот за интегрирано образование.

На 30 ноември 2012 обуката за наставниците и професорите продолжи со предавање и активности презентирани од страна на професорот Зоран Велковски од Институтот за педагогија. Темите презентирани од страна на проф. Велковски се однесуваат на зајакнување на компетенциите на наставниците при дефинирање на целите и задачите, како и примената на различни форми, методи и техники на работа за време на имплементација на интегрираните воннаставни активности.

На предавањата учествуваа вкупно 29 наставници и професори.