На 23 февруари, 2013 година се реализираа предавања со локани експерти во рамките на Тренинг центарот- Нансен модел за интегрирано образование. Предавањата се составен дел од основниот циклус обуки за интегрирано образование. Професорот Зоран Велковски реализираше предавање поврзано со зајакнувањето на компетенциите на наставниците при дефинирање на целите и задачите, како и примената на различни форми, методи и техники на работа при имплементацијата на интегрираните воннаставни активности. Втората сесија од обуката беше реализирана од страна на професорката Флорина Шеху на тема „ Тимска и тандемска комуникација помеѓу наставниците во мултикултурни опкружувања“.

Учесниците кои беа присутни на обуките се наставниците од втората група кои се во процес на завршување на основниот циклус обуки за интегрирано образование во рамките на Тренинг центарот на НДЦ Скопје.