На 12 и 13 Јануари, 2012 во просториите на НДЦ Скопје се реализираа две ендодневни работилници за реализаторите на воннаставните активности како дел од проектот “Нансен модел за интегрирано образование” при ООУ “Маршал Тито”- Струмица и ООУ “Гоце Делчев”- Василево. Работилниците беа подготвени и реализирани двојазично (македонски и турски) од страна на тимот за едукација, обука и развој при НДЦ Скопје и се дел од програмата за соработка со наставниците кои се директни реализатори на интегрираните воннаставни активности.

Целта на работилниците беше потенцирање на улогата и важноста на тимската и тандемската соработка помеѓу реализаторите на воннаставните активности низ целиот процес на планирање, организирање, реализација и евалуација на интегрираните воннаставни активности. Во текот на работилницата исто така беше извршена евалуација на реализираните воннаставни активности од страна на наставничките тандеми во текот на првото полугодие на учебната 2011/2012 и изготвување на предлог активности од воннаставен карактер за следното полугодие.

НДЦ Скопје континуирано работи на зајакнување на капацитетите на наставниците кои работат на реализација на годишните програми за интегрирани воннаставни активности во училиштата кои се дел од проектот “Нансен модел за интегрирано образование”.