На 18 и 26 jануари, 2012 во просториите на НДЦ Скопје се реализираа две ендодневни работилници за наставничките кои се реализатори на воннаставните активности како дел од проектот “Нансен модел за интегрирано образование” при ООУ “Рајко Жинзифов“- Скопје. Работилницата беше подготвена и реализирана од страна на тимот за едукација, обука и развој при НДЦ Скопје и е дел од програмата за соработка со наставниците кои се директни реализатори на интегрираните воннаставни активности.

Темите на работилниците беа: “Обележја на проектот Нансен модел за интегрирано образование” и “Успешно планирање и подготовка на концепт предлог за воннаставни активности”.

Во текот на работилниците исто така беше потенцирана улогата и важноста на тимската и тандемската соработка помеѓу реализаторите на воннаставните активности низ целиот процес на планирање, организирање, реализација и евалуација на интегрираните воннаставни активности. Во текот на работилниците исто така беше извршена самоевалуација на реализираните воннаставни активности од страна на тандемите во текот на првото полугодие на учебната 2011/2012 и се дадени препораки и насоки за изготвување на предлог активности од воннаставен карактер.

НДЦ Скопје континуирано работи на зајакнување на капацитетите на наставниците кои работат на реализација на годишните програми за интегрирани воннаставни активности во училиштата кои се дел од проектот “Нансен модел за интегрирано образование”.