На 16 и 19 декември 2011 година се реализираа работилници со родителите на учениците вклучени ва проектот Нансен модел за интегрирано образование при ООУ Маршал Тито, Струмица. Работилниците беа организирана од страна на наставничките тандеми вклучени во проектот, со цел заедничка изработка на костимографијата за потребите на новогодишната приредба. Во текот на работилниците беа изработени многубрјони костими и додатоци според предвиденото сценарио за новогодишната приредба.
Овој вид на работилници со родителите се предвидени со програмите за соработка со родителите чија главна цел е унапредување на соработката и довербата кон училиштето и наставничките тандеми, истовремено и зајакнување на соработничките односи помеѓу родителите со различно етничко, верско и културно потекло.