На 14 и 21 декември 2012 година беа одржани работилници со учениците од прво одделение -паралелката на реализаторот на воннаставни активности Мејљан Амети. Работилниците беа подготвени и реализирани од тимот за едукација при НДЦ Скопје. Првата работилница реализирана на 14 декември беше реализирана со цел учениците да се запознаат со основите обележја на интегрираните воннаставни активности. На оваа работилница присуствуваа 30 ученици.

Креативната работилница беше реализирана на 21 декември од страна на тимот за едукација при НДЦ Скопје. Работилница беше подготвена во духот на новогодишните празници каде што учениците во една ведра и позитивна атмосфера заеднички изработуваа голема слика на Дедо Мраз. На оваа работилница присуствуваа 33ученици.

Работилниците се реализираат со цел учениците постепено да се воведуваат во проектот Нансен модел за интегрирано образование и од второ полугодие официјално да започнат со активно учество во интегрираните воннаставни активности.