Во периодот од 28.11- 02.12.2011 година, Нансен Диалог Центарот во Скопје организираше студиско патување во Кралството Норвешка за дел од патнерите, соработниците и реализаторите на проектите имплементирани од страна на НДЦ Скопје. Целта на посетата на Норвешка беше подобро запознавање со особеностите на образовниот и политичкиот систем во Норвешка, достигувањата во полето на интегрираното образование, како и посета на многубројни високи државни институции на централно и локално ниво, образовни институции и организации. Групата предводена од дел од тимот на НДЦ Скопје, беше составена од: Заменик Министерот за Образование и Наука- Сафет Незири, Државниот советник за образование при МОН-Назиктере Сулејмани, претставници од кабинетот на Министерот за Образование и Наука- Билјана Максимовска и Сузана Сотировска, Градоначалникот на општина Василево- Ванчо Стојанов, Раководителот на секторот за Образование при општина Тетово- Илјаз Халими, Раководителот на секторот за Образование при општина Чаир, Нухи Дардишта, одговорниот претставник за Полошкиот регион при Државниот Просветен Инспекторат- Јашар Касами, одделенска наставничка од ИДОУ с. Прељубиште- Хабибе Мустафи, и тимот одделенски наставници од Струмица- Љубинка Цветанова, Даниела Митева, Мејдин Усеинов и Ирис Кумбараџи- Каја.

Во текот на студиското патување групата престојуваше во градовите Осло и Лилехамер. Во текот на престојот во Осло се реализираше посета на основното училиште Тојен, едно од најстарите основни училишта во престолнината, и воедно училиште во кое повеќе од 30 разни нации го следат воспитно образовниот процес. Покрај разгледувањето на училиштето, групата од Македонија имаше можност да се запознаат со историатот на училиштето и со начинот на организација на училиштето и употребата на двојазичноста во наставата.

Како дел од посетата на Норвешката престолнина беше релизиран и состанок во Министерството за Надворешни Работи на Кралството Норвешка, односно со претставник на одделот надлежен за Западниот Балкан. Во текот на состанокот, посетителите беа информирани за плановите и стратешките приоритети МНР на Норвешка по однос на западниот Балкан, исто така беше потенцирана досегашната успешна соработка со канцеларијата на НДЦ Скопје и за потребата за поинтензивна соработка со Македонските државни и нституции. Посетата на Осло се заокружи со состанок во амбасадата на Македонија во Осло, каде што посетителите имаа прилика да се запознаат со амбасадорот и да слушнат нешто повеќе за улогата на ново отвореното дипломатско претставништво.

Во текот на престојот во градот Лилехамер беа реализирани многубројни средби и посети. Беше реализрана посета на основното училиште Соре Ал каде што посетителите имаа можност да проследат една кратка приредба од страна на учениците. Истовремено пред учениците од ова училите беше прикажана и кратака приредба од интегрираното училиште во Јегуновце, Македонија. Директорката на училиштето направи презентација на училиштето – училниците и кабинетите и присутните имаа можност да се запознаат подетално за начинот на организација на наставата и за особеностите на училиштето. Следната посета во градот Лилехамер беше во Нансен Акедемијата, каде што беше организирана презентација пред студентите и вработените во Академијата за последните успеси на НДЦ Скопје. По тој повод беше прикажан краток документарен филм за работата на НДЦ Скопје во промовирањето на интегрираното образование. НДЦ Скопје беше посочен како лидер во промоцијата на интегрираното образование во регионот. Во текот на престојот во Нансен Академијата беше реализирано предавање на тема: “Фридтјоф Нансен, поларен истражувач и меѓународен хуманитарец” од страна на професорот Инге Ајдсваг. Предавањето беше проследено со особено внимание и почит кон ликот и делото на еден пд најпознатите Норвежани- Фридтјоф Нансен.

Студиското патување во Норвешка беше одлична прилика за непосредно запознавање со политичката структура и организираност при реализацијата на посетите во општина Лилехамер и округот Опланд. Во текот на посетата на општината Лилехамер, присутните имаа прилика за запознавање со историјата на градот како и за политичката структура и одговорностите на општината. Во текот на престојот во Лилехамер беше реализирана и посета на округот Опланд, во кој исто така посетителите беа детално запознаени со улогата и ингеренциите на Округот и за проектите кои Округот ги поддржува на меѓународно ниво.

Како дел од посетата на кралството Норвешка беа посетени многубројни туристички и културно-историски знаменитости кои привлекоа особено внимание: ски скокалницата во Осло, ски скокалницата во Лилехамер, историскиот музеј Мајхауген, паркот Хундерфосен итн.

Студиското патување во Норвешка воедно беше и одлична прилика за продлабочување на соработката помеѓу партнерите и соработниците на НДЦ Скопје и истовремено беше оценета како многу успешна и позитивна од страна на сите посетители.